Категории

Анџелина Џоли по бурниот развод сфатила што е најважно: Вашите деца не бараат да бидете совршени

Анџелина Џоли со својот поранешен сопруг Бред Пит има шест деца, 18-годишниот Мадокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 13-годишната Шајло и 11-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Веќе со години убавата актерка  успешно балансира помеѓу бројните родителски обврски и актерската кариера во Холивуд.

Сега 44-годишната Џоли, која последните четири години е во судски процес околу старателството со поранешниот сопруг, проговорила за родителската улога.

Во овие моменти на пандемија, моите мисли се со сите родители, мајки и татковци кои се дома со своите деца. Се надевам дека сите успеваат да останат позитивни, смирени и дека сѐ прават со многу љубов. Едно нешто кое мене ми помогна да сфатам дека не е можно да се биде совршен родител, е следното:

„Она што е најинтересно е фактот дека вашите деца воопшто не бараат од вас да бидете совршени. Единствено што бараат од вас е искреност. Најважно е да не престанете да се трудите. Колку повеќе им давате простор да заблескаат таму каде што сте вие слаби, тоа ќе ги направи посилни луѓе! На крај всушност најважен е тој тим кој ќе го создадете. На некој начин и децата нѐ одгледуваат нас, растеме заедно со нив.“

„Откако го добив првото дете, сите мои соништа ги ставив настрана. Децата се мојот центар. Тоа беше една нова вештина која требаше да се совлада.“

Прегледи:
688
Објавено на:
27.04.2020