Актерката ја сподели потресната исповед за бракот со Бред Пит.
Во големото интервју за Гардијан, Анџелина Џоли признала дека се плашела за безбедноста на своите деца во бракот со Бред Пит. Актерката (46) изјавила дека во текот на бракот со Пит (57) сфатила колку се важни правата на децата. На прашањето да појасни на што мисли конкретно, рекла дека не може да зборува за тоа бидејќи во тек е постапката за развод. Но, во текот на интервјуто дала потврден одговор со главата кога била запрашана дали станува збор за семејно насилство.
Анџелина и Бред го делат старателството над шестте деца. На прашањето дали се плашела за безбедноста на своите деца во текот на врската со Бред, Анџелина рекла: „Да, се плашев за своето семејство. За целото мое семејство!“
За својата одлука после 5 години брак да поднесе барање за развод, таа рекла: „Ми беше потребно многу време за да бидам во позиција да можам да се одвојам од таткото на своите деца.“
Анџелина наведува дека била истрауматизирана и „скршена“ поради „ужасното“ искустви ке траело последната деценија. Но, сакала целото семејство, вклучувајќи го и таткото на нејзините деца да се лечат и да биде мирна.“ „Секогаш ќе бидеме семејство“, рекла Џоли.
Цела оваа приказна започнала од промоцијата на нејзината книга „Запознај ги своите права“, која е посветена на младите луѓе.
Анџелина тврди дека Бред Пит бил физички и вербално насилен кон нивниот син Медокс, а дека овие обвинувања ќе ги поткрепи со видео материјал и сведочење на нивните деца.