Категории

Анџелина Џоли во елегантно издание на прошетка со својот син Пакс (14)

Познатата актерка во неделата е фотографирана на прошетка со својот син Пакс (14), ручајќи во францускиот ресторан ‘Perch’, а потоа и како се упатуваат на шопинг.

Пакс е еден од синовите, кого Анџелина го посвои со тогашниот сопруг Бред Пит (54) од Виетнам кога имаше три години, носел црна кошула, избледени фармерки и црвено-бели патики.

 

Пријателите на Анџелина велат дека таа сака на пријателски и љубезен начин да стави крај на нејзиниот брак со Бред. Актерот до неодамна стравувал дека Анџелина и децата ќе се преселат во Лондон, што моментално не може да го направи без негово одобрение, а сега наводно се откажала од таа желба. Парот има шест деца: ќерките Захара (13), Шајло (12) и Вивиен (10), како и синовите Медокс (16), Пакс (14) и Нокс (10).