Категории

Андријана Илиоска е победничка на изборот за убавина „The Look of the year“ во Сан Ремо

Андријана Илиоска, иако има само 21 година, таа веќе има богата модна кариера и високи достигнувања во светот на модата. Ревии, фотосесии, интернационални избори за убавина, видео спотови, а сега уште еднаш докажа дека Македонија има со кого да се гордее.

Таа беше 10 дена во Сан Ремо, Италија поради учеството на ревии и фотосесии на дизајнерот од Кореа Park Younsoo за неговиот бренд BIG PARK и на дизајнерката од Италија Giovanna Campisi за нејзиниот бренд Giovanna Campisi Official, а во меѓувреме ја поканија да биде дел од изборот „The Look of the year.“

 

На 26. септември Андријана настапи на финалната вечер на изборот за убавина „The Look of the year“ кој се одржа во Сан Ремо. Во конкуренција од девојки од целиот свет, нашата Андријана ја освои првата позиција и победи на изборот. Прва придружничка е претставничката на Кореја, а втора придружничка претставничката на Германија. Целиот избор и ревијата беа проследени од Fashion TV.