Прекрасната манекенка на „Викторијас Сикрет“, Шанина Шајк, од 2008 година до средината на минатата година беше во врска со машкиот модел Тајсон Бекфорд, кој сите го помниме од спотот за песната „Unbreak My Heart” од Тони Брекстон.
Кога го напушти, тој беше целосно скршен, но нејзе очигледно ѝ оди многу подобро, бидејќи на почетокот од 2016 година објави дека е запросена и дека рекла „да“. Но, не на Тајсон…
Имено, диџеј Рукус и Шанина Шајк ја дочекале Новата година во Дубаи, а потоа се упатиле на Бахамите, каде што престојуваат во вила на плажа на неговиот роднина, пејачот Лени Кравиц.
Овој згоден маж, на кого вистинското име му е Грег Ендрјус, веќе извесно време ја планирал просидбата, а во планирањето му помогнале Дензел Вашингтон и неговата сопруга Паулета, кои го доставиле прстенот, кој специјално за Шанина го дизајнирала познатата Лорејн Шварц.