Фенербахче се пласираше на завршниот турнир во Евролигата откако со убедливи 3:0 го надигра актуелниот шампион Реал Мадрид, тим кој едноставно немаше сили да се избори барем за почесна победа во четвртфиналето со турскиот гигант.
Синоќешниот натпревар во Мадрид заврши во полза на гостите со резултат 63:75, а нашиот Перо Антиќ за речиси 20 минути минати на паркетот имаше скромен учинок во нападот (4 поени) и одличен во одбрана завршувајќи ја средбата со осум скокови.
Фенербахче со новата убедлива победа над Реал само покажа дека е главен претендент за освојувaње на титулата во Евролигата, но интересен момент од Мадрид секако беше и мини прославата која ја имаа играчите на турскиот тим во која во прв план се најде токму нашиот кошаркар.
Антиќ со мајагери го поздрави својот соиграч Диксон кој постигна 14 поени на натпреварот, а потоа во пријателска атмосфера и со топла прегратка ја смири целата ситуација.
#FinalFour Dixon ve Antiç:) pic.twitter.com/7rIzaa03G5
— Onur Şenli (@osenli) April 19, 2016