Категории

Антониа со песна од Витни Хјустон се пласираше во 8. круг на „Ѕвездички“

Вака звучеше нашата учесничка во хит шоуто на Сител

Скопјанката Антониа вчеравечер се пласираше во осмиот круг од натпреварот за деца таленти “Пинк ѕвездички”. Македонската ѕвездичка се’ посилно блеска со секоја нејзина следна изведба.

Па така и сега, Антониа успеа со брза и енергична песна да ги воодушеви членовите на жири комисијата, кои ги кренаа своите столчиња и и’ дадоа поддршка на талентираната Македонка.

Гиговска ја отпеа “I wanna dance with somebody”, песна на Витни Хјустон која има добиено Греми во 1988 година. Настапот на Антониа го гледате во продолжение и во понеделник на Сител во 21.30 часот :

https://www.youtube.com/watch?v=TpbLOgRyq9k

Прегледи:
385
Објавено на:
09.04.2016