Aмериканскиот гигант Apple се подготвува да ја купи мобилната апликација Shazam за рингтонови и слики. На тој начин ќе стане најголемиот конкурент на стриминг услугата Spotify.
Според еден извор, договорот ќе биде потпишан за 400 милиони долари. Други, пак, истакнуваат дека апликацијата во моментов се проценува на повеќе од една милијарда долари.
Од двете компании сеуште нема фицијални потврди, но се очекува договорот да биде објавен во текот на оваа недела.