Познатиот актер и бодибилдер им откри на фановите како изгледа неговиот протеински шејк кој го пие секојдневно.
Речиси и да нема некој кој не го знае Арнолд Шварценегер. Овој бодибилдер и акционен актер стана глобален феномен кога ја играше улогата на Конан, а подоцна и Терминатор. Шварценегер е синоним за акционен херој кој секогаш победува и е непобедлив.
Арнолд сега е во својата седма деценија од животот, па ретко се појавува во филмови, но неговото влијание на филмската сцена се уште е многу силно. Меѓутоа, пред да стане актер, овој човек бил најуспешниот бодибилдер во светот.
Арнолд имал големина, пропорција и сила и затоа судиите го обожавале, а сите кои тренирале со него зборуваат дека бил ригорозен и многу упорен кога биле во прашање тренинзите.
Иако е во седмата деценија, Шварценегер се уште е физички активен и се грижи телото да му изгледа добро. Тој се уште се храни многу здраво и редовно пие протеински шејкови за правилно да го нахрани своето тело, а сега прв пат откри што се наоѓа во неговите протеински шејкови.
- Протеинскиот шејк на Шварценегер содржи:
-сок од вишни
-банана
-протеин од ванила
-шнапс
Шнапс е австриски пијалок кој содржи околу 40% алкохол, а Арнолд тврди дека алкохолот е одличен во оваа комбинација затоа што ги шири крвните садови и така овозможува протеините побрзо да стигнат до мускулите.