Категории

АРТАН ЛИЛИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ НАСТАПАТ ВО МКЦ НА “ОВДЕ Е ДОБРО“

Во рамки на “Овде е Добро“ – настан посветен на независната музичка сцена, во Младинскиот Културен Центар на 7ми март ќе настапат извонредно популарните, сега веќе вистински ѕвезди на регионалната сцена, Artan Lili од Белград, Србија кои ќе бидат специјални гости и ќе отсвират целовечерен концерт. Тие во моментот се еден од најпопуларните бендови на Балканот, а на својата регионална турнеја го промовираат нивниот нов албум.

Artan Lili за 6 години постоење, 3 албуми, еден куп видеоспотови и концерти, сега издаваат кооперативно за најголемите регионални дискографски куќи „Croatia Records“ (Загреб) и „ПГП-РТС“ (Белград), а штотуку добија награда за „извонредно дело“ од „Задужбината на Милан Младеновиќ“, за нивната композиција Д.Е.П.Р.А.

Освен Artan Lili, на фестивалот во МКЦ ќе настапат и скопските „Pluto’s Doubts“, Muhamed Ibrahimi, „MvrSvr“ и „Blackstate“ . Вратите се отвораат во 20 часот, а настапите започнуваат во 21:00.

“Овде е Добро“ ќе продолжи со настаните низ неколку градови во Македонија, а помеѓу најавените музички имиња од програмата на овој “патувачки“ електронски фестивал се: BarumBarum во живо, еден од најпопуларните македонски диџеи Горан Кан, основоположникот на македонската електронска сцена Мирко Попов, моментално највозбудливиот битолски диџеј Berryqyat, омилениот Нино Флодер, Митрик заедно со својата Room 313 и Зоран Веселинов – човекот кој штотуку издаде музика за реномираниот домашен лејбел ПМГ Рекордингс и свири македонска турнеја.

Повеќе за програмата и активностите – овде.

Цените на влезниците по симболична цена од 100 денари, публиката може да ги набави на билетарницата на Младинскиот Културен Центар или онлајн.