Категории

Астрологијата открива: Овие 3 знаци ги очекува тежок период за време на владеењето на Вага (до 23 октомври)

Астрологијата открива кои три знаци треба да бидат претпазливи до 23 октомври 2019 година – владеењето на Вагата е во полн сјај.

Владеењето на Вагата започна на 23 септември и ќе трае до 23 октомври 2019 година. Во астрологијата, толкувањето на елементите е многу важно. Елементот Вага е воздух, што значи дека водните знаци ги очекува нестабилен период.

Додека Водата и Земјата функционираат во совршена хармонија, Водата и Воздухот создаваат цунами, хаос и нестабилност.

Вагата е многу праведна, така што кармата во овој период ќе наплати многу долгови.

Еве кои три знаци ги очекува ризичен период за време на владеењето на Вага, односно до 23 октомври 2019 година:

 

Рак – бранови на интензивни емоции

Сонцето во периодот на Вага минува низ четвртата куќа која го симболизира домот и семејството. Можно е да имате проблеми во домот во наредниот период и ќе ви биде тешко да најдете емоционална сигурност. Ракот е многу емотивен знак, а сега Сонцето сјае на неговото најемотивно поле, па многу чувства ќе излезат на површина. Вратите на космосот се отворени за вашите проблеми, затоа покажете ги своите емоции. Сега е добро да се посветите на членовите на семејството и да ги обновите занемарените односи. Тоа ќе направи да се чувствувате подобро.

 

Шкорпија – копнеж за осаменост

Сонцето свети на вашата 12 куќа, односно куќата на тајните и кармата. Почитувани Шкорпии, роденденот ви е наскоро, па многумина од вас ќе сакаат да бидат сами и да размислуваат за тоа што направиле во претходниот период. Честопати ќе биде невозможно да најдете место за себе што ќе влијае негативно на вашето расположение. Ќе бидете самокритични и честопати ќе се присетувате на грешките од минатото. Сумирањето на претходната година полесно ќе го поднесете во друштво на искрен пријател. Не плашете се да покажете емоции.

 

Риби – емоционална еволуција

Драги Риби, Сонцето во моментов минува низ вашата осма куќа што претставува сексуален живот и трансформација. Многу ќе размислувате за тоа што треба да промените во животот. Ќе бидете подготвени за промена, но бидете свесни дека позитивната трансформација не може да се случи преку ноќ. Многу Риби ќе бидат оптоварени со љубовни проблеми, особено оние кои се осамени. Немојте да размислувате или анализирате премногу, излезете од вашата зона на удобност и оставете да ве понесе бранот на љубовта.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
469
Објавено на:
03.10.2019