Категории

Авантурист од Шкотска заедно со својата мачка патуваат низ светот на велосипед

Понекогаш животот може да се промени целосно во само неколку мигови.

Дин Николсон од Шкотска го доживеа ова од прва рака. Уште во септември 2018 година, Дин реши да патува низ целиот свет со својот велосипед, сам. 31-годишникот се изморил од работата од девет до пет и сакаше некоја нова авантура. Патувањето помина одлично – патуваше во неколку различни земји и ги споделуваше своите авантури на социјалните мрежи. Но, неговите планови наскоро се сменија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)

“Значи, токму кога се приближував кон границата со Црна Гора, слушнав мјаукање. Бевме околу 20 километри од најблискиот град, па беше очигледно дека некој напуштил симпатична мачка”, напиша Дин во својот пост на Инстаграм.
Наскоро мачката го доби името – Нала. Дин одлучи да ја однесе Нала на ветеринар, каде што откри дека нема микрочип. После тоа, тој реши да ја земе со себе и да го продолжи патувањето. Дин и Нала станаа вистински пријатели кои имаат над 860 000 следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)

“Таа ме научи да забавам малку и да уживам многу повеќе во животот. Кога е на велосипед, нејзините потреби се на прво место, а тоа ја забави турнејата и сега застануваме и играме многу. Ако наидеме на шума, правиме пауза и таа таму си игра, а таа исто така обожава и да трча на плажа “, изјави Дин за BBC News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)

Тој неодамна издаде и книга во која ги раскажува авантурите на Нала, наречена “Nala’s World”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1bike1world (@1bike1world)