Категории

Автомобилот што и рѓосан вреди 50.000 евра

Класичниот Jaguar E-Type од 1962 година, кој последните две години ги поминал целосно запуштен во една гаража, може да достигне цена од 50.000 евра на аукција. 

Jaguar E-Type се вбројува меѓу најубавите олдтајмери, што не може да се каже за состојбата во која се наоѓа овој примерок.
Сепак, овој автомобил има еден сокриен адут – станува збор за редок примерок на E-Type Series 1 Fixed Coupe, што уште повеќе му ја зголемува вредноста.
Автомобилот е произведен во 1962 година, а е регистриран во Британија. Оригинално бил испорачан во сина боја, а првиот сопственик го возел речиси 35 години пред да го продаде.

Новиот сопственик планирал да го реставрира, но тоа никогаш не го направил. Така овој автомобил од 1997 година бил запуштен, а неодамна бил откриен во состојбата во која се наоѓа.
Аукциската компанија што го нуди, објаснува дека е во речиси оригинална состојба, алудирајќи на тоа дека сите делови на него се фабрички, што е добра основа за обнова на возилото.

Проценките се дека на аукцијата автомобилот ќе достигне цена од околу 50.000 евра, а колку за споредба, добро сочуваните модели на E-Type Series 1 се продаваат за цена над 100.000 евра.

Прегледи:
369
Објавено на:
06.03.2017