Категории

Бар во Јапонија целосно изграден од рециклиран отпад

Малото место Камикацу во Јапонија е доста еколошки настроен град, а тоа може да се види и по наградуваниот бар “Kamikatz Public House”, кој не произведува штетни емисии и во целост е изграденод рециклиран отпад.

Барот е дизајниран од страна на архитектот Хироши Накамура, кој ја освои наградата “WAN Sustainable Buildings” за 2016 година, не само поради својот изглед, туку и поради тоа што во целост е изграден од рециклирани материјали.

Идејата за барот е во сооднос со долгорочната визија на градот кој има намера да рециклира 100% од својот отпад, а сега за сега се стигнати до импресивни 80%.

Зградата поседува бар, пивница, како и место за релаксација и одмор.

q2

q3

q4 q5

Прегледи:
472
Објавено на:
11.11.2016