Категории

Барал храна во ѓубрето и тогаш ја сретнал неа: Гест кој го трогна целиот свет!

На прашањето зошто го направила тоа, Ешли истакнала дека е сигурна дека сите ние некогаш во животот сме биле во ситуација кога очајнички ни била потребна помош.

Кога Ешли Џирон, сопственичката на продавница за сендвичи во Оклахома сфатила дека секоја вечер, во контејнерот каде што фрлаат ѓубре еден човек претура и бара остатоци од храна, направила нешто што ретко кој би го направил во денешно време!

На еден лист хартија напишала неколку реченици и го залепила листот на прозорот од продавницата на видливо место:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greg King (@gregking8081) on


„Вие сте човечко суштество и вредите повеќе од оброк од контејнер. Ве молам, влезете внатре додека трае работното време и ќе добиете сендвич, свеж зеленчук и чаша вода. Не треба ништо да платите, никој нема ништо да ве праша.

Вашата пријателка, сопственичката“, напишала Ешли.

Некои од муштериите или минувачите веднаш ја фотографирале оваа трогателна порака која пружа надеж дека на овој свет сѐ уште постојат добри и хумани луѓе, а фотографијата веднаш се проширила на социјалните мрежи.

„Ме повреди фактот кога сфатив дека тој некој е принуден да го прави тоа“, рекла Ешли и додала дека нема да ја тргне пораката сѐ додека човекот не се појави и не го прифати нејзиниот подарок.