Категории

Бебешка пудра – Супер продукт кој ќе ви помогне и кога најмалку се надевате

Сите намени на бебешката пудра. Чисти флеки, отстранува непријатни мириси и што уште не..

Пронајдовме доста корисни начини на кои можете да ја искористите бебешката пудра која се покажа како исклучително корисен продукт кој мора да се има во сечиј дом и ќе ви се најде при рака и кога најмалку се надевате.
Еве за што се можете да ја искористите бебешката пудра.

-Отстранува флеки од чаршави. Ако ви падне малку храна и остане дамка, истурете малку бебешка пудра и избришете со крпа, веднаш ќе исчезне.

-Чисти накит. Ако сакате да го исчистите накитот, најпрво ставете малку бебешка пудра и потоа истријте со четка за заби. На крајот избришете со крпа.

-Неутрализира мирис на чевли. Истурете малку бебешка пудра во обувките и оставете да одстои. Непријатниот мирис ќе исчезне.

-Отстранување флеки од пот. Истурете малку бебешка пудра врз флеките од пот на маицата и поминете со загреана пегла врз неа.

-Полесно ќе разврзете чвор – Доколку имате потешкотии да одврзете чвор, едноставно потурете со бебешка пудра и ќе го направите тоа полесно.

-Полесно навлекување на ракавиците – Ако треба да ставите хируршки ракавици, ќе ви биде многу полесно ако пред тоа ставете малку бебешка пудра во нив.

-Наместо сув шампон – Сакате да го пролонгирате свежиот изглед на вашата коса и да го сокриете масниот корен? Бебешката пудра е вистинскиот спас. Само ставете малку во коренот и добро втријте го со нежна масажа со прстите и вашата коса ќе изгледа како штотуку да сте ја испрале.