Категории

Бегајте што подалеку од ваков маж – Животот со него е ноќна мора

Некои мажи едноставно не се родени за живот во пар. Ваквите мажи е најдобро да ги избегнувате.

Постојат мажи на чиј изглед нити една жена не е имуна. На прв поглед тие изгледаат како одличен избор, меѓутоа на крајот се испоставува дека е најдобро да ги заобиколите.

Ако во вашиот живот влета ваков маж, бегајте што подалеку од него затоа што со него нема среќа.

1.Постојано бара изговори
Ви се јавува само кога нему му одговара. Често користи изговори како „Во гужва сум“, „Имав многу работа“, како оправдување на прашањето зошто не се гледате често. Мажот кој сака да поминува време со вас секогаш ќе пронајде начин и покрај сите обврски.

2.Скржав
„Тоа е прескапо“ – изјава која ја слушате често. Парите никогаш не играат главна улога во овој случај, но доколку постојано се жали на финансиската состојба, тоа е јасен знак дека се работи за маж кој не е доволно способен. Сигурно не ви треба некој кој ќе го издржувате.

3.Не ве слуша внимателно
Се му поинтересно од она кое вие го зборувате. Мажот кој не е во состојба да ве сослуша, никогаш нема да ви биде нити потпора, нити поддршка.

4.Упатува невкусни шеги на ваша сметка
Често ве исмева пред пријателките, а како изговор на тоа кажува дека се работи за шега. Ниедна жена ова не би смеела да го дозволи. Дури и ако се работи за шега, таквото однесување не е соодветно особено не пред другите. Партнерот би морал да биде личност покрај која секогаш ќе се чувствувате најубаво, а не спротивното.

Прегледи:
779
Објавено на:
11.09.2020