Категории

Бекамови ја продаваат куќата во Л.А. – Им била тесна

Брачната двојка Дејвид и Викторија Бекам за сума од 24 милиони фунти ја ставиле на продажба својата лукзусна куќа во Лос Анџелес.

Иако живеат во оваа куќа помалку од една деценија, се чини дека Дејвид и Викторија Бекам се уште не се задоволни од животниот простор кој го користат кога се во Калифорнија.

Според таблоидот The Sun, славниот пар куќата ја огласил на продажба по цена од 24 милиони фунти, откако увиделе дека пространите 4.000 квадратни метрии не се доволни за славното шестчлено семејство.

Веста доаѓа само девет часа откако Бекамови купија нов дом со девет спални во елитниот Bel Air за неверојатни 14 милиони фунти, пренесува британски Daily Mirror.

Освен добрата локација на палатата, што ја купија кога Давид прв пат потпиша договор со LA Galaxy вреден договор 120 милиони £ – цената е висока и заради нејзината големина – 1,25 акри земјиште, палми и базен за пливање.

Извор близок до семејството за таблоидот The Sun во неделата изјавил: “Викторија и Дејвид веќе некое време размислуваа за куќата и беа загрижени особено за нејзината големина.

Извор: Макфакс

Прегледи:
381
Објавено на:
05.12.2016