Категории

Белгија стигна до првата победа: Лукаку и Витсел ја решија Ирска

Репрезентацијата на Белгија ја оствари првата победа на Европското првенство (ЕП) во Франција, совладувајќи ја Ирска со 3-0 (0-0).

Белгијците ја надиграа Ирска во второто полувреме и а засужни за победата беа Ромелу Лукаку и Алекс Витсел кои ја затресоа мрежата на Рендолф.

По неколкуте неискористени шанси во првото полувреме Белгија постигна гол во 48 минута кога Лукаку по асистенција на Кевин Де Брајн го скрши отпорот на Ирците кои на овој меч одеа на бод. Вториот гол беше дело на Витсел во 61 минута, а печат на триумфот стави Лукаку со својот втор гол во 70 минута.

Со триумфот над Ирска селекцијата на Белгија си ги отвори вратите кон втората фаза. Во последниот дуел против Шведска ќе се решава која селекција ќе биде во наредната рунда.

Прегледи:
415
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
18.06.2016