Категории

Bella со моќна кампања за борбата против ракот на дојка

„Провери се, никој не гледа“, Bella со моќна кампања се приклучи во подигнувањето на свеста за борбата против ракот на дојка.

Во овие „розови денови“ Bella како општествено одговорна компанија се залага за тоа да допре до дамите и да ја подигне свеста за борбата против оваа болест. Во текот на целиот месец октомври, во продажните салони, Bella ја спроведува герила кампањата со картички закачени на горните парчиња облека.

На картичките е испишан моќниот слоган „Провери се, никој не гледа“, а од задната страница со илустрации е претставено упатство за самостојна проверка на градите. Картичките се поставени на видливо место на парчето облека, но својата цел најдобро ја постигнуваат кога дамата ќе се најде сама во гардеробата и има можност да се соочи со стравот и да направи проверка.

Денеска, покрај тоа што една од осум дами во светот се соочува со рак на дојка, оваа болест сѐ уште е тема за којашто никој не сака да разговара. Поради тоа, Bella со оваа кампања ги охрабрува дамите редовно да се проверуваат, задржувајќи ја својата приватност и ги поддржува сите кои се соочуваат со оваа борба.

Како заокружување на кампањата, вчера (24.10.2018) беа запалени розови светла во продажните салони, во чест на сите дами кои ја преживеале, се соочуваат или ја изгубиле борбата со ракот на дојка.