Категории

Берн – градот кој освојува со тивок шарм

Сместен во центарот на Швајцарската висорамнина, престолнината на Швајцарија, Берн е град кој воодушевува не само со она што природата му го овозможила, туку и со она што е створено од човечка рака. Јужно од градот започнуваат да се издигнуваат пониски планини, а зад нив се и високите Алпи, кои тука се нарекуваат Бернски Алпи.

Берн е историски многу богат, а веќе со години се наоѓа помеѓу првите неколку на листата за градови кои нудат висок квалитет на живот. Покрај тоа, стариот дел од Берн, кој е добро сочуван и извонредно уреден, одамна е ставен под заштита на УНЕСКО. Поточно стариот градски алштат на Берн во голем дел е сочувано од времето на средниот век и затоа од 1983 година се наоѓа под на листата на Унеско за заштитени културни градини на светот.

4

Самиот град се наоѓа на реката Аре, на околу 540м надморска височина. Всушност оваа бистра алпска река тече низ стариот дел на градот. Не нејзините стрмни и зелени брегови често може да видите капачи од сите возрасти кои скокаат во смарагдно зелената вода и уживаат во пливањето и тоа во поголемиот дел од годината, па дури и кога темературата на воздухот е само четири степени.

Берн е седиште на петвековната политичка неутралност и место на Ајнштајновата инспирација. Се наоѓа во централниот дел на Швајцарија, еднакво оддалечен и од Германија и од Франција и од Италија. Швајцарските Германци се традиционалните жители на градот и германскиот јазик е официјален тука како и во поголемиот дел од кантонот. Меѓутоа градското население во текот на изминатите неколку децении станало мошне разнолико, така што денес на улиците низ Берн ќе слушнете и многу други јазици.

На спротивниот брег од реката и спроти средновековниот Берн се простира новиот град, кој од година во година расте и се шири. Двата дела на градот, стариот и новиот се поврзани со пет мостови и еден вијадукт. Стариот град го сметаат за средновековен бисер, преполнет со проточни фонтани, величествени згради од песочен камен, живописни паркови, убави куќи и развиена култура на пиење кафе.

Подеднакво привлечна и убава е и долината на реката Аре со убавите крајбрежни делови, а исто така интересен за туристите е и дипломатскиот дел на градот кој изобилува со многу управни згради.

Локалните жители тука често на туристите знаат да им се пофалат дека овој град има нешто што го нема во ниту еден друг швајцарски град. Тоа се оригиналните и единствените бернски фонтани. Ги има повеќе од сто на број и секоја е посебно интересна и впечатлива. Најинтересна за туристите, а истовремено и најпосетена е фонтаната на човеколикото митско чудовиште Огар кое јаде деца. Оваа фонтана се наоѓа на Плоштадот Кронхаус.

 Симболот на градот претставуваат скалила, под кои се наоѓа една бетонирана јама со нова мрежа и стара мечка. По овој симбол градот го добил и името. Не постои место на земјата, каде мечката се величи на сите можни начини, како што тоа се прави во Берн. Силуетата на ова шумско животно е на градското знаме, фасадите на голем број куќи се украсени со мечки, на многу атрактивни простори е поставен споменик во нејзина чест, а на најфреквентните плоштади се наоѓаат скулптури на мечки во разни пози.

Секако тоа не е ништо необично, бидејќи Берн на германски значи „мечка“. Постои и легенда за добивањето на ова име, легенда која со генерации се пренесува во Берн. Според неа се вели дека во дамнешната 1191 година Бертхолд Петти, војводата од Серинген, еден ден во придружба на дворската свита тргнал во лов.

Пред поаѓањето на своите поданици им ветил дека на местото, на кое се наоѓала обична воена касарна, ќе основа град и дека ќе му го даде името по животното кое прво ќе го застрела. Војводата убил мечка и го исполнил ветувањето, па така се родил Берн.

 

Тука деновите невозможно е да ви бидат досадни. Може да уживате во разговор со локалците, да се напиете кафе на некој од многубројните стари плоштади, а ако сакате очи в очи да се соочите со богатата историја на Берн, посетете и некои од позначајните споменици. Тука се наоѓа и Ајнштанхаус, куќата во која во почетокот на 20 век живеел и работел еден од најпознатите физичари Алберт Ајнштајн. Во тоа време работел на универзитетот во Берн при што дошол и до познатата теорија на релативитет. Мечкината јама, за која е познато дека постои од 16 век е исто така атрактивна знаменитост за посетителите. Ова место денес овозможува одличен поглед на стариот дел на Берн.

Можеби ја нема динамиката карактеристична за големите светски градови и престолнини, но сепак Берн има тивок шарм. Тоа секојдневно го потврдуваат и туристите кои и по неколку пати му се враќаат на градот.

Прегледи:
1537
Објавено на:
15.05.2016