Категории

Бесценета реакција: Изненадена мајка која очекуваше женско, а роди машко бебе

Кото Накамура и нејзиниот сопруг Сина Ниакансафи со нетрпение го очекувале доаѓањето на нивната ќерка на овој свет, без да знаат дека ги очекува големо изненадување. Наместо женско бебе, како што им велеле докторите, Кото роди машко.

Фотографката Џесика Џексон била повикана во салата за породување за да го овековечи прекрасниот момент на раѓањето на нов живот, па на една од фотографиите е уловен шокот на лицето на Кото кога слушна за полот на бебето.

„Мислев дека сите се шегуваат. Останав без зборови и не верував сè додека не видов со сопствени очи“ – изјавила Кото. „Бев во шок неколку секунди, а потоа не беше воопшто важно дали е девојче или момче“ – додала таа.

02

„Ова беше еден од најубавите моменти – ролеркостер од емоции во само неколку кратки минути“ – изјавила фотографката за Today. „Шок, неверување, возбуда, среќа и олеснување. Ова е причината поради која фотографирањето на породувањето е толку важно. Замислете кога ќе порасне бебето и неговите родители му раскажуваат за неговото раѓање, ќе ги имаат овие фотографии за да му покажат какви беа нивните реакции кога ја дознаа веста“ – додала таа.

Парот од Австралија го крсти своето синче Таига, што на јапонски значи голем и милостив.

03

04

Пред породувањето, акушерка во болницата им раскажувала приказна за пациентка која родила бебе со спротивен пол од оној кој претходно им бил потврден од докторите. Но, никој од присутните во салата не ни помислил дека тоа може да ѝ се случи и на Кото и дека ќе бидат сведоци на уште еден таков момент.

05

Прегледи:
468
Објавено на:
01.06.2016