Категории

„Бев пукан, имам Ковид и разводот станува многу комплициран“ – вирален е-маил од професор кој морал да откаже тест!

На сите ни се случило да мора да измислиме некој глупав изговор за да се извлечеме од некоја обврска. Сите ги имаме подлажувано професорите во средно дека „дедо ни  е болен“ или дека „сме ја аборавиле тетратката дома“, на заборавени домашни обврски.

Но, што кога навистина ќе Ви се случат едноподруго повеќе несреќи, и навистина мора да откажете одредени обврски, иако Вашите изговори звучат како измислица на средношколец?

Овој несреќен професор бил таков случај. На 12 октомври, на една група студенти на факултет им стигнал мејл кој звучел вака:

Одложен испит
Здраво на сите,
Нажалост, морам да го презакажам испитот, и ќе мор да ги откажам предавањата закажани за во четврток. Против моја волја, бев пукан, и сега ме лекуваат во Итна помош. Исто така, имам Ковид, и разводот станува многу комплициран. Консултациите уште ќе бидат одржувани во понеделник и среда, 11-12h, со асистентот. Ако сум жив, испитот се поместува за наредниот понеделник. Повторувајте ги текстовите и понесете си студентски картички на полагањето.

Секое добро,
Професор Вилсон.“

Подоле има скриншот од оригиналната порака:

Откако професорот приметил дека мејлот му станал вирален, пратил уште еден мејл:

„Здраво на сите,
Се чини дека последниот е-маил ми станал вирален на интернет. Ги ценам сите Ваши пораки кои ми соопштија за ова. За среќа, повредата не беше озбилна, и симптомите на Ковид не ми се озбилни. Испитот останува за во понеделник, и ќе биде асинхронен.

За разлика од жена ми, очекувам да не лажете (на тестот). Со среќа на сите! “

Бидејќи приказната продолжува да е вирална на интернетот, се отворија повеќе прашања:
Дали се поврзани пукањето и разводот?
Кој го пукал?
Дали е ова поема за 2020?
Зошто се’ уште се грижи за работата и испитот, и едноставно не се одмори?

Прегледи:
1366
Категории:
Хумор
Објавено на:
13.10.2020