Категории

Без разлика колку ви е срам, овие 11 тајни морате да ги споделите со вашиот гинеколог

Постојат некои работи кои одвај би ги кажале на вашата најдобра другарка, а камоли на вашиот гинеколог. Меѓутоа, тие навистина виделе и слушнале сѐ. Покрај тоа, постојат некои работи кои може да бидат многу важни кога се работи за вашето репродуктивно здравје, иако ви е непријатно да ги кажете. Еве кои 11 работи дефинитивно треба да ги кажете на вашиот гинеколог.

1. Колку сексуални партнери сте имале

„Кажете му го тоа на вашиот гинеколог, дури и ако не ве прашал. Нема да ве осудува, а таа информација е многу значајна од медицинско гледиште“, истакнува гинекологот Алиса Двек, коавторка на книгата „В како вагина“. Колку повеќе информации ќе му дадете на вашиот гинеколог, толку подобар третман ќе добиете кој е прилагоден само за вас.

2. Дали сте имале незаштитен секс, дури и ако тоа било само еднаш

Не сте користеле кондом, во меѓувреме уредно сте добиле менструација, а не сте забележале ни некакви знаци на полово преносливи болести. Мислите дека сѐ е во ред, зар не? Не баш. Некои полово преносливи болести, како што е кламидијата, често немаат никакви симптоми, додека други како ХПВ вирусите може да бидат притаени со години. Ваша одговорност е да го известите лекарот ако постои каков било ризик од нив, откако сте имале незаштитен секс.

3. Доколку не можете да доживеете оргазам

Размислете – ако не посетите сексуален терапевт, кој друг би можел да ви помогне околу проблемите со сексуалната дисфункција? „Ако имате проблем со постигнување оргазам гинеколозите најчесто може да ви помогнат. Можеби тоа е знак за некој друг здравствен проблем, па ќе биде потребен упат за специјалист“, заклучува Двек.

4. Доколку понекогаш крвавите после сексуалниот однос

„Ако тоа се случило само еднаш, после груб секс, веројатно не мора да трчате кај докторот. Но, ако тоа се повторува, тогаш кажете му на гинекологот“, вели Двек. Крвавењето после секс може да значи инфекција, недоволна влажност на вагината или проблеми кои можат да укажуваат на рак. Подобро е да бидете здрави отколку да ви биде непријатно.

5. Ако вашата менструација е чудна

Иако сте сигурни дека не сте трудни, промените во циклусот се нешто кое дефинитивно треба да се каже на докторот. Ако вашата менструација е обилна или значително намалена, тоа може да биде резултат на многу работи, како на пример, хормонска промена, цисти или инфекции.

6. Ако чувствувате болка во текот на сексот

„Не срамете се, бидејќи гинекологот може да ви помогне. Можно е вашиот полов орган да биде претесен или да има потешкотии со вагиналното навлажнување“, вели гинекологот Мери Џејн Минкин, клинички професор при Медицинскиот факултет на Универзитетот Јејл. Ова не е проблем кој се појавува кај постарите жени, но многу млади девојки се сретнуваат со него. Болката за време на односите може да биде намалена доколку земате контрацепциони апчиња, па затос кажете му го тоа на вашиот гинеколог. Тој може само да го подобри вашиот сексуален живот.

7. Кои лекови и суплементи ги користите

„Ова е исклучително важно, поради многу работи. Без разлика дали сега започнувате со контрацепција, се обидувате да забремените или сте закажале операција“, предупредува д-р Двек. Дури и билните суплементи може да имаат контрадикции, па кажете му на вашиот гинеколог што точно консумирате.

8. Ако сте жртва на сексуално насилство

Без разлика дали барате некого за да зборувате, да се информирате за полово преносливи болести или пак, потребна ви е каква било друга помош, гинекологот ќе ве упати на вистинското место. Ова е многу важно особено кај жените кои немаат избрано матичен, бидејќи само тој може редовно да ве следи. „Многу пациенти не знаат дека нивниот гинеколог може да им помогне во најразлични ситуации“, вели Двек.

9. Ако сте забележале чуден мирис

Ова е најчесто знак за инфекција или pH нерамнотежа, што вашиот гинеколог може да го излечи. Д-р Двек вели дека тоа може да го предизвика и дел од тампонот кој останал во вашето тело. Мали промени во мирисот во периодот околу менструацијата е нормално, но ако забележите нешто потполно поразлично јавете се кај вашиот гинеколог.

10. Вашето мислење за бременоста и плодноста

Ако планирате бременост во следните неколку години, дефинитивно ви е потребен сериозен разговор со докторот. Тој ќе ви каже медицински совети кои инаку не би ви ги кажал при редовната контрола. Дури и ако не планирате бременост баш сега, добро е да поразговарате на темата плодност. Гинекологот може да ви препорача здрави навики како би биле плодни и да ви помогне околу кое било прашање. „Моја работа е да не забременат жените тогаш кога не сакаат и да забременат тогаш кога го планирале тоа“, вели Минкин.

11. Ако имате нарушен сон и менструација

„Ако сте во раните четириесетти, ова може да биде знак на перименопауза“, вели Миникин. Иако ретко симптомите се јавуваат толку рано, не е исклучено дека ви се случило токму вам. Гинекологот може да ја утврди причината.

Прегледи:
437
Објавено на:
09.05.2017