Категории

Бездомник пронашол паричник полн со пари: Не зел ништо, а сопственикот богато го наградил…

44-годишниот бездомник Варалоп од Тајланд шетал низ улиците на Бангкок без ниту еден денар во својот џеб.

Во еден момент, бездомникот Варалоп забележал скапоцен „Хермес“ паричник кој имал околу 500 евра и неколку кредитни картички.

Иако можел да ги земе парите за себе и да го фрли паричникот, сепак чесниот Варалоп се упатил во најблиската полициска станица каде што им го предал паричникот на полицајците. Во паричникот, како што рекол сопственикот, не фалел ниту еден денар, па неговото добро дело не поминало незабележано.

Поради тоа што овој бездомник бил чесен, сопственикот на паричникот, 30-годишниот Нити Понгкриангос му понудил работа во неговата фабрика во Бангкок.

„Бев изненаден кога полицијата ми кажа дека е пронајден мојот паричник. Не знев дека сум го загубил. Размислував за тоа, јас да бев на негово место, веројатно ќе ги земев парите. Но тој, и покрај тоа што е бездомник, ги врати парите. Тоа покажува дека е добар и чесен човек. Баш такви луѓе ни се потребни во фабриката“, изјавил тајландскиот бизнисмен.

Покрај работата, Варалоп добил и сместување од компанијата на Понгкриангос.

„Многу сум среќен што ми е дадена шанса да направам еден пресврт во животот. Да се има сопствен кревет е прекрасно“, изјави овој чесен пронаоѓач на скапиот паричник.

Прегледи:
466
Објавено на:
27.08.2016