Категории

Ја вртам главата. Кон неа. Сакам да заспијам гледајќи ја.

Жена ми спие до мене. Наеднаш, добивам известување. Од WhatsApp. Од девојка. Отворив…

Ја прифатив нејзината порака и и пишав: “Се знаеме ли?” Таа ми одговори одма: “И те како. Слушнав си се оженил, ама јас никако да престанам да мислам на тебе.”
(Пријателка од минатото. Слатка девојка.)
Жена ми се уште спие. Го затворив четот. Ја погледнав, беше потоната во длабок сон. Изморена, од многуте обврски низ дома. Како што зјапав во неа, се замислив колку ли само е среќна, се чувствуваше сигурно, удобно до мене, во нашиот нов дом. Таа сега е далеку од дома, од своето семејство кое не се делеше ни за миг. Кога ќе се налути или е тажна, мајка и секогаш беше тука, за утеха. Сестра и и брат и ја смееја постојано. Татко и, секогаш кога се враќа дома и ги носеше омилените работи.
Ми поминаа низ глава сите овие работи. Го земам телефонот и притискам “Блок”. Ја вртам главата. Кон неа. Сакам да заспијам гледајќи ја. Бидејќи јас сум маж. Маж кој не изневерува и уништува фамилија.