Категории

Би го вратил времето: Ова се совети кои Бред Пит им ги дава на мажите по разводот со Анџелина Џоли!

Врз основа на своите грешки, славниот актер објаснил што мажите во текот на бракот никако не смеат да прават. По 11 години брак, Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа. Јавноста и понатаму зборува за тоа.

„Очигледно не сум стручњак за врски. Дали би направил сѐ поинаку? Откако ја изгубив жената која ја обожавав, се разведов по 11 години брак, ова се моите совети за мажите… Еве што би направил поинаку кога би можел.

1. Секогаш води сметка за својата жена.

2. Работи на тоа да се засакаш себеси.

3. Заљубувај се во својата жена одново и одново.

4. Фокусирај се на она најдоброто во неа.

5. Не ја менувај.

6. Не е нејзина работа да те направи среќен – тоа мораш сам.

7. Никогаш не и врескај на твојата сопруга. Дури и ако си лут за нешто што направила. Сепак, таа лутина е само твоја и на никој друг.

8. Само остани со неа: во добро и зло.

9. Не биди секогаш сериозен и тежок човек.

10. Секој ден посвети и внимание.

11. Не биди идиот!

12. Дозволи и или направи и место за одмор.

13. Биди ранлив пред неа. Таа е твоја жена.

14. Секогаш биди искрен кон неа.

15. Кога таа се развива, развивај се и ти. Секогаш учи, учи, учи…

16. Никогаш не се навраќај на минатото, не и замерувај за старите грешки.

17. Секогаш избери љубов! Бракот не е онаа реченица од бајките: “И живееја среќно до крајот на животот.” Секој брак има свои успеси и падови. На бракот, како и на сопствениот развој, се работи секој ден.

Прегледи:
578
Објавено на:
07.05.2019