Категории

Би се осмелиле ли да зачекорите на овој мост?

Познатиот Carrick-a-Rede мост од јаже е лоциран во Ballintoy, областа Antrim, во Северна Ирска во близина на Giant’s Causeway.

Мостот е долг 18 метри и го поврзува малиот остров Carrickarede и е на висина од 30 метри над сино зеленото море и карпи.

Страшен е самиот изглед на мостот, а чуството да се најдете на него и да погледнете надолу за некого е неверојатен адреналин, но за некого е незамисливо.

Во секој случај, ова е мост кој нуди спектакуларен поглед на околината, на кој никој не останува рамнодушен.

Ако соберете храброст и го поминете овој мост и погледнете надолу можби ќе имате среќа да здогледате некој делфин или ајкули, кои често ги има во водите на Северното Море. Во оваа област има и голем број на морски птици, од уникатни и разновидни видови. 

Оргиналниот мост Carrick-a-Rede имал само една ограда, правејќи го уште пострашен. 

  

Прегледи:
564
Објавено на:
08.06.2017