Наместо да не забавуваат, кловновите со текот на времето, веројатно поради злите ликови во филмовите, станаа симбол на страв.
Кловновите порано ги забавуваа децата и возрасните во циркусите, а поради популарноста почнаа да се појавуваат и на детските роденденски забави. Тие изведуваа трикови со ленти и балони, а беа препознатливи по својот голем, црвен нос. Но, кловновите денес имаат поинаква репутација.
Со текот на времето насмеаното лице на кловнот стана ужасно во перцепцијата на децата и возрасните. Нивното лице, кое личи на човек со премногу изразени црти на лицето, носот, веѓите, устата и образите, малку по малку стана лицето кое луѓето го идентификуваат со ликовите од хоророт.
Истражувањето во 2008 година покажа дека децата реагираат многу лошо на луѓето кои ги потсеќаат на луѓето, но не изгледаат како луѓе. Всушност, повеќето деца не сакаат да ги гледаат кловновите во болниците, а постарите деца се плашат од нив.
Коулрофобија е страв од кловнови. Иако експертите велат дека повеќето од овие ирационални стравови се јавуваат поради некој трауматски настан, другите сметаат дека изгледот на кловнот е едноставно вознемирувачки. Иако тие треба да изгледаат весело и среќно, повеќето луѓе чувствуваат дека кловновите кријат нешто под нивната маска. Без разлика дали станува збор за тага, незадоволство или омраза.
Кога луѓето ќе го видат основното лице на човекот, но променето, тие чувствуваат непријатност или страв. Исто така, сè на нив го крие нивниот вистински изглед – од шминката и периката до огромната облека. Ова е, исто така, една од причините зошто луѓето се плашат од кловновите.