Категории

Би живееле ли во најстуденото место во светот?

Јакутск е најстудениот град во светот, а Ојмјакон е најстуденото село. И двете се наоѓаат во Сибир, каде просечната температура во јануари е минус 50 целзиусови степени и трепките на жителите смрзнуваат во истиот миг штом излезат надвор.

Годинава измерени се рекордни најниски температура, 62 Целзиусови степени под нулата. Ова е најниска измерена температура во Ојмјакон по 1933 година, кога биле измерени минус 67.7 Целзиусови степени.

Во селото живеат околу 500 луѓе, кои се навикнати  да функционираат нормално на овие ниски температури.

Прегледи:
434
Објавено на:
19.01.2018