Категории

Бидете дел од Среќниот 8-мо мартовски Базар на „Бродот на среќата“

На 5. и 6. март со почеток во 17 часот, на „Бродот на среќата“ ќе се одржи една среќна приказна во чест на жените!

Повеќе од 50 ракотворци ќе ги изложат и понудат своите изработки, кои не можете ни да ги замислите, а се изработени со посебни техники, вештина и љубов. Дојдете и одберете од шареноликата палета на накит, уметнички дела, плетива, совршени и уникатни аксесоари.

Прашајте ја секоја мајка, секоја сопруга, секоја девојка и учителка, кој и е најдрагиот подарок. Сите ќе го имаат истиот одговор – најубавиот подарок е оној кој е рачно изработен! Дојдете на Среќен 8-мо мартовски Базар на „Бродот на среќата“ и за вашата најдрага одберете рачна изработка што ќе ја чува и вечно ќе трае.