Категории

Бидете силни пред другите: Нивната љубомора е ваш комплимент!

Поранешните пријатели си го трошат времето зборувајќи лоши работи за вас, а понекогаш поради нив и вашиот партнер знае да ве извади од такт со по некоја љубоморна сцена, па до кога вака?

Но ова не е време за нервози, ова е време за комплименти, еве зошто:

Кога другите ви љубоморат…

Кога другите го трошат своето време за зборување за вас и вашиот живот, не осудувајте ги за плиткоумноста, едноставно прифатете ја нивната љубомора како таква, а нив како едни од тие кои се убедени дека сте подобра личност од нив.

Ако беа тие над вас ќе чуствуваа надмена, а вие ќе бевте толку неважни за нив што немаше ниту името да ви го спомант, но кога своето време го трошат на анализа на вашата животна приказна ситуацијата е поинаква. Не ги мразете, само сфатете го тоа како комплимент!

Сигурно и вие имате некој ваков познаник кој ги презентира вашите маани, а ги гази вашите доблести се со цел на некој начин да ве спушти доволно за да се доближи до вашето ниво или да се чувствува подобро самиот со себе.

Каде се времињата кога пријателите се радуваа на вашите успеси, а плачеа на вашите падови? Каде се комплиментите и подадената рака?

1 2

Прегледи:
697
Објавено на:
16.03.2016