Категории

Бидете слободни и свои – Најлудите и најинспиративни цитати од Хелен Мирен

„Јас сум тип на личност кога се облекува во продавници за половна облека и отвара шише скап шампањ.“

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда која никогаш не престанува да блеска. Таа секогаш го кажува она што го мисли и тоа секогаш го прави на вистински начин. Ова се нејзините најинпиративни цитати.

1.И понатаму го имам тоа „циганско“ чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет подолго од три или четири месеци во целиот мој живот. Секогаш садам зеленчук чии плодови на крајот не ги јадам и цвеќе кое нема да го видам како цвета. Се селам по светот и тоа сум јас.

2.Сета таа фама околу облекувањето е луда. Можете да потрошите долар на јакна во некој мал бутик на пример таков за половна облека, и можете да потрошите илјадници долари на јакна од познат бренд. И ако ги видите овие две јакни по улица, веројатно дека нема да знаете која е каде купена.

3.Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, најважното нешто на кое ќе ја научам мојата ќерка е зборот „од**и!“

4.Најтешкиот период во животот се дваесеттите. Тоа е таква штета затоа што тогаш сте најпрекрасни, и физички и во најдобра кондиција. Но, тоа е и период кога сте и најнесигурни и полни со сомнеж во себе. Кога не знаете што ќе се случи, застрашувачко е.

5.Јас сум тип на личност кога се облекува во продавници за половна облека и отвара шише скап шампањ.

6.Мсилам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат така да се изразат, но ако земете некоја жена над 40 години и ја прашате: „Дали е ова свет во кој сакате да живеете?“ Таа би рекла „Не!“

7.Чудно нешто е тоа, ви станува удобно во вашата кожа, дури и кога времето ви дава малку причини за тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и жалосни. Мислам дека една од најголемите предности на стареењето е тоа што се ослободувате од некои нешта.

8.Целиот свој живот гледав девојчиња од 16 години како ја продаваат својата убавина, затоа мислам дека е неверојатно тоа што сега жените од 70 години рекламираат производи на жените од 60 до 80 години.