Категории

Бидете со мажот кој е подготвен на овие нешта

Бидете со мажот кој вложува труд во вашиот однос затоа што му е вистински грижа за вас, затоа што сака вашиот однос да трае..

[adrotate banner=”29″]

Бидете со мажот кој никогаш нема да ве нарече луда, дури и ако сте дошле дома плачејќи поради нешто безначајно што ви се случило на работа. Дури и ако не разбира зошто сте вознемирени. Тој не треба да разбира, се што треба да направи е да знае дека сте повредени и да сака да биде оној кој ќе ве орасположи.

[adrotate banner=”30″]

Да сака да биде оној кој ќе направи да се чувствувате повторно добро – да се чувствувате и повеќе од добро.
Бидете со мажот кој ве смирува кога вриштите врз некој нежив објект, како што е мобилниот или компјутерот наместо да ви се смее зошто сте вознемирени поради нешто толку глупаво.

Бидете со мажот кој ќе ви помогне да ги решите вашите проблеми наместо да стои на страна и да ве гледа како патите. Бидете со мажот кој ќе ве потсети дека е во ред да побарате помош, кој ќе ве потсети дека не сте сами и дека секогаш можете да се потпрете на него.

Бидете со мажот кој никогаш нема да биде доволно глуп да ве обвинува што понекогаш сте премногу емоционални. Бидете со мажот кој го вреднува фактот дека ги изразувате вашите чувства наместо да ги сокривате во себе.

Бидете со мажот кој ја цени вашата подготвеност да бидете отворени со него и знае дека единствената причина поради која му ја зборувате вистината е тоа што ви е потполно пријатно со него.
Бидете со мажот кој одговара на вашите пораки дури и ако сте полуделе поради нешто смешно. Бидете со мажот кој е спремен да работи на проблемите кои ги имате со него наместо да се однесува како проблемите да не постојат.

Бидете со мажот кој вложува труд во вашиот однос затоа што му е вистински грижа за вас, затоа што сака вашиот однос да трае.

Бидете со мажот кој никогаш нема да направи да се чувствувате лошо затоа што патите од анксиозност или депресија, никогаш нема да направи да се чувствувате како психопат, луда и лоша жена.

Бидете со мажот кој разбира дека иако сте одговорни за сопствените постапки, немате секогаш потполна контрола над своите емоции. Понекогаш, вашиот страв ја превзема контролата и прави да се вознемирувате поради нешта за кои би сакале да не ви сметаат.

Бидете со мажот кој е подготвен да ги покаже своите емоции, кој ќе ви дозволи да го видите како плаче.
Бидете со мажот кој не мисли дека е помалку мажествен ако дели парчиња од својата душа со вас. Бидете со мажот кој вистински сака да го запознаете, во неговата суштина, со сите негови слабости и „недостатоци“.

Бидете со мажот кој нема никаков лимит кога е во прашање искажувањето на љубовта спрема вас. Бидете со мажот кој мисли дека сте убави дури и кога се грчите во плачење.
Бидете со мажот кој ќе направи се за да ги избриши солзите од вашето лице, затоа што вие сте љубовта на неговиот живот. Затоа што вие сте сето она кое што некогаш го посакувал дури и повеќе од тоа.

Прегледи:
633
Објавено на:
11.01.2020