Категории

Биди ѕвезда на сопствениот живот

Дали се наградувате себеси кога ќе постигнете нешто околу кое сте се труделе, напорно работеле и успешно сте го завршиле?

Дали застанувате, си честитате себеси, се пофалувате?

Дали знате да се почестите, да си подарите некоја ситница, момент на мир или она што би и го подариле на некоја драга личност во слична ситуација?

Или само во главата штиклирате дека и тоа сте го завршиле и ѝ дозволувате на машината да продолжи да меле, без пауза, без награда.

Не дозволувајте вашите успеси да се подразбираат и вашиот труд да се зема здраво за готово.

Кога ќе почувствувате дека сте заслужиле да бидете ѕвезда на сопствениот живот, дозволете си да сјаете во полн сјај на црвениот тепих, па макар и да се наоѓа во вашата дневна соба.

Прегледи:
549
Објавено на:
28.12.2021