Комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се одржува во Стејплес центар во Лос Анџелес, на овој настан се собраа неколку илјадници луѓе. Кошаркарската легенда и неговата ќерка загинаа во јануари заедно со уште седум други луѓе во стравична хеликоптерска несреќа.
Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант одржа говор, а истакна и дека нејзината ќерка Џиана би била неверојатна мајка. Со солзи во очите изјави дека никогаш нема да ја дочека венчавката на својата ќерка.
https://www.youtube.com/watch?v=qnQ8bnmpOrs&feature=emb_title
„Бог знаеше дека Коби и Џиана не можат да бидат раздвоени и поради тоа ги врати на небото заедно“, изјави таа во говорот.
Комеморацијата ја отвори Бијонсе со својата песна „XO“ која истакна дека била омилената песна на Коби, а помеѓу останатите настапи и Алиша Кис. Меѓу многубројните кои му оддадоа почит на Коби беа и Шекил О’Нил и Меџик Џонсон.
https://www.youtube.com/watch?v=H5yqwfbWn6E&feature=emb_title