Категории

Бијонсе со отворено интервју и неверојатна фотосесија за септемвриското издание на Vogue

Нејзиниот живот, нејзиното тело, нејзиното наследство

Бременост и прифаќање на телото 

По раѓањето на моето прво бебе, верував во нештата кои општеството ги велеше како моето тело треба да изгледа. Си вршев притисок за да загубам тежина по породувањето и закажав мала турнеа. Кога ќе погледнам назад, сето тоа беше лудо.

Откако ги родив близнаците, Руми и Сер, бев отечена од токсимија и поминав еден месец закрепнувајќи во кревет. Моето и здравјето на бебињата беше во опасност. Сопругот беше војник и огромна подршка за мене. Горда сум што сум сведок на неговата сила и еволуција како човек, најдобар пријател и татко. По шест месеци почнав да се подготвувам за Коачела. Привремено станав веган, се откажав од кафе, алкохол и сите овошни сокови. Мислам дека е важно жените и мажите да ја видат и да ја ценат убавината на нивните тела.

Отворени врати

Додека не постои мозаик од перспективи што доаѓаат од разни етнички групи, ние ќе продолжиме да имаме тесен пристап и да видиме како изгледа светот.  Кога првпат почнав, ми беше кажано дека поради тоа што сум афро-американка и имам црна кожа нема да можам да бидам на насловните страници на списанијата. Но, тоа беше само мит. Сега не само што сум на насловната на Vogue, туку сум и фотографирана од афро-американски фотограф. Сечиј глас се брои и секој има шанса да го наслика светот од своја перспектива.

Потекло

Поврзувањето со минатото и запознавањето на нашата историја носи и модрици и убавина. Неодамна го истражував своето потекло и открив дека потекнувам од сопственик на робови кој се заљубил и венчал со роб. Се прашував што значеше тоа и морав да го процесирам ова откровение со текот на времето. Сега верувам дека, тоа е зошто Бог ме благослови со моите близнаци. Се молам да можам да ги сопрам генерациските навреди во моето семејство и дека моите деца ќе имаат помалку комплицирани животи.

Моето животно патување

На секое патување има многу нијанси. Ништо не е црно или бело. Сум минала низ пекол и сум благодарна за секоја лузна. Доживеав предавства и кршење на срцето од разни нешта. Преку сето тоа научив да се смеам, да плачан и да растам. Сега се чувствувам многу поубаво, посреќно и поинтересно. Но, и многу помоќно.

Слобода

Сакам да бидам слободна. Јас не сум жива ако не создавам нешто. Не сум среќна ако не креирам, ако не сонувам и не остварувам. Не сум среќна ако не се подобрувам, развивам , движам напред, ако не се инспирирам, ако не поучувам и учам.

Турнеа OTR II

Еден од најнезаборавните моменти за време на турнеата беше шоуто во Берлин на Олимпискиот стадион каде во 1936 година се одржаа Олимпискте игри. Овде Џес Овенс освои четири златни медали уништувајќи го митот на белата надмоќност. Помалку од 90 години подоцна двајца црни луѓе настапија таму. Кога со Џеј ја пеевме нашата последна песна ги видовме сите насмеани, држејќи се за раци, бакнувајќи се и полни со љубов. Живеам за такви моменти.

Наследство

Мојата мајка ме научи колку е важно не само да бидеме видени туку и да се гледаме себеси. Како мајка на две девојчиња значајно ми е дека тие се гледаат во книги, филмови и писти. Значајно ми е што се гледаат како директори, шефови, и знаат дека сами можат да си го напишат сценариото на животот. Тие не мора да се вклопат во одредена категорија, се додека се почитувани, автентични и сочувствителни. Тие можат да ја истражуваат секоја религија, да се вљубат во човек од било која раса и да ги сакаат они кои тие сакаат да ги сакаат.

Истите работи ги посакувам и за својот син. Сакам да знае дека може да биде силен и храбар, но дека исто така може да биде чувствителен и љубезен. Сакам да има висок емоционален коефициент на интелигенција каде што е слободен да биде грижлив и искрен. Тоа е се што една жена сака кај еден маж.

Се надевам дека ќе го научам да не биде жртва на тоа како интернетот вели дека тој треба да биде или како треба да сака.

Сега сум на место на благодарност

Се прифаќам себе си, која сум јас. Ќе продолжам да го истражувам секој сантиметар од својата душа и секој дел од мојата уметност.

Сакам да научам повеќе и да живеам во целост.

Долго и напорно работев за да можам да дојдам до местото каде што можам да изберам да бидам опкружена со она што ме исполнува и инспирира.

Прегледи:
344
Објавено на:
13.08.2018