Категории

Бијонсе врти нов лист и се откажува од ригорозните диети

Вишокот килограми се проблем со кој се соочуваат многу жени. Некои се обидуваат да ги намалат килограмите со зголемена физичка активност, други пак посегнуваат по диети. Од борбата со вишок килограми не се поштедени ни познатите личности.

Вишокот на килограми, посебно после пораѓајот, се проблем со кој се соочуваат многу жени. Од тоа не се поштедени ни познатите личности. Бијонсе признава дека после раѓањето на близнаците, во јуни 2017 година, се одлучила за ригорозни диети.

-За да го имам посакуваниот изглед, од менито за јадење ги исфрлив лебот, шеќерите, јаглените хидрати, млечните производи, местото, рибата и алкохолот- објаснува Бијонсе во документарниот филм „Homecoming“.

Таа открива и со какви дилеми се соочува како мајка на 3 деца:
-Се обидувам да научам како да бидам мајка на 6 годишно дете и на близнаци на кои сум им потребна, а да си дозволам себе си да бидам креативна и да го правам тоа што ме исполнува. Некогаш можев да вежбам по 15 часа, а сега кога имам деца и сопруг и морам да се грижам за своето тело-сега морам да жонглирам.
Си создадов себе си голем притисок држејќи ригорозни диети, но никогаш повеќе нема така да се измачувам. Во ова поглавје од животот се чувствувам како нова жена и веќе не се обидувам да бидам тоа што сум била. Тој став го носат децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

 

Прегледи:
488
Објавено на:
21.04.2019