Категории

Бисексуалец зборува искрено за односите: Еве зошто повеќе сака мажи од жени!

Бисексуалец од Њујорк открива како изгледа неговиот љубовен живот, но и што преферира кај мажите. 

Анонимен маж кој има 32 години тврди дека му се допаѓаат и мажи и жени, но дека повеќе е склон кон мажите бидејќи изглегувањата помалку го чинат и мажите се поедноставни од жените.

„Поедноставни се и полесно е да им пријдете. Јас себеси се идентификувам како бисексуалец, но повеќе сум склон кон машкиот пол“, вели тој.

Од друга страна, признава дека односите со мажите имаат и своја негативна страна. „Жените се под голем притисок на општеството и вниманието кое го посветуваат на својот изглед, но стандардите за убавина се многу поостри кај геј мажите“.

Исто така, тврди дека честопати се случува едноставно да престануваат да му се јавуваат. „Со еден маж се гледав дури седум недели, а потоа одеднаш исчезна. Сите проблеми на модерните состаноци се уште покомплицирани кога се работи за истополови односи“, раскажува тој.

Неговото семјство, особено неговата мајка тешко ја прифаќа неговата бисексуалност. „Кога и признав на мајка ми, ми рече дека сум грешник, дека сум го издал Господ и дека ќе добијам сида ако продолжам да ги правам оние работи со мажи“, открива.

 

 

Прегледи:
368
Објавено на:
16.04.2018