Категории

Бизарно кралско правило: Војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл не смеат да носат дијаманти, пред 6 часот на пладне

Како што веќе знаеме во британското кралско семејство постои екстремно долга листа на правила кон кои нејзините припадници мораат да се приджуваат, но се чини дека секој ден на таа листа се додаваат нови правила.

Поголемиот дел од правилата гласат за женските припаднички кои и покрај безбројните должности кои ги имаат како членови на кралското семејство, мораат притоа постојано да бидат претпазливи да не случајно прекршат некое од тие правила. Во редот на најбизарни правила кон кои мораат да се придржуваат војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл гласи дека тие не смеат да носат дијаманти пред 6 часот на пладне, освен ако не се работи за некоја особено специјална пригода.

Која е причината за тоа?

Во кралството постои тоа правило за припадничките да не бидат премногу воочливи. Но помеѓу другото, правилото дозволува тие да носат други скапоцености кои не одвлекуваат големо внимание, помеѓу нив се драги камења, сафири, металии и бисери.
Секако во ова правило не спаѓаат венчалните прстени кои тие мораат да ги носат нон стоп.

Прва која го прекрши ова правило беше војвотката Меган Маркл која оваа недела носеше мали дијамантски обетки подарок од кралицата на доделувањето на хуманитарните награди WellChild.

За разлика од неа, идната кралица, Кејт Мидлтон е по претпазлива во однос на изборот на својот накит, па пред 6 часот на пладне избира да „игра на сигурно“ и носи претежно златни и сребрени парчиња, додека после тоа кога забраната завршува таа неретко избира доста впечатлив накит со што по големите скапоцености.

 

Подготви: Кукла од Памук