Христина Кирова е млада и креативна девојка која изработува накит со помош на старо сребро и својот талент. Нејзиниот накит познат под името Hristina’s Designs е широко прифатен како од помладата така и од повозрасната популација. За нејзините почетоци, успешната соработка со ИНК Дооел и идните планови, разговараме со неа во ова издание на #БизнисСреќа.
Како се роди љубовта кон занаетчиството и конкретно кон рачното изработување на накит?
Моите родители се занимаваат со занаетчиство и рачна изработка веќе 15 години и воедно тие се главните „виновници“ поради кои и јас се вљубив во овој занает уште од мојата 10-та година. Оттогаш, па сѐ до денес љубовта само се зголемува и вродува со плод во вид на најразличен рачно изработен накит.
View this post on Instagram
За да ја претвориш својата идеја и креативност во реалност, потребна е и стручна помош, консултации и презентирање на производите на вистински начин. Кој ти помага во целиот процес?
Токму така, идејата е основа на сѐ, меѓутоа за нејзина реализација е потребна поддршка и помош од лица кои знаат да го направат тоа на најдобар начин. Досега изработував за летната сезонска продажба, но откако започна да се зголемува бројот на заинтересирани купувачи, одлучив овој бизнис да го пресонализирам преку ИНК Дооел, консултантската компанија. Преку нивните стратешки совети и експертиза тие помагаат на најдобар начин да ја раскажете вашата приказна и презентирање на производите пред пошироката јавност. Преку нивното искуство во комуникации и дигитален маркетинг, тие ми помагаат полесно да допрам до публиката која е заинтересирана и која ужива во рачно изработениот накит.
Од каков материјал е составен накитот и што може да очекуваат во иднина сите љубители на рачно изработениот накит?
Рачно изработениот накит го изработувам од мексиканско сребро Лагура, повеќе видови на жици, камења, како и кожа. Неодамна нашата пејачка Александра Јанева беше дел од една есенска фотосесија во комбинација со накитот на Hristina’s Designs. Задоволна сум од оваа соработка, а наскоро, очекувајте уште многу изненадувања. Производите може да ги нарачате и погледнете на Инстаграм профилот Hristina’s Designs.