Категории

Бјонсе како прва жена афро-американка хедлајнер на Кочела имаше моќен и спектакуларен настап со Destiny’s Child

Откако го одложи нејзиниот настап на Кочела 2017 заради бременоста со нејзините близнаци, овој пат Бјонсе прирдеи спектакуларно шоу обединувајќи ги Destiny’s Child на сцена за прв пат после пет години. 

Покрај Кели Роланд и Мишел Вилијамс, на сцената се појавиле и нејзиниот сопруг Џеј Зи и нејзината сестра Солаж. Дивата уште еднаш докажа зошто го пима приматот на најголема ѕвезда, прирдувајќи шоу какво што умее само таа да направи, со неверојатна енергија која ја остави публиката без зборови.

https://youtu.be/guf1L6HmeOc

Шоуто започнало со Crazy in love, а хитовите се ределе еден по еден, ја испеала Lift Every Voice and Sing која ја нарекла химна на афро-американците, а потоа следеле хитови од Lemonade и нејзини постари материјали.

 

Се заблагодари на Кочела што е првата жена афро-американка која е хедлајнер на фестивалот, а потоа ги поканила Кели и Мишел да ја потсетат публиката за моќното женско трио од 90-тите кое ги прослави.

https://youtu.be/Xx71s5fLmhU

Со нивните најголеми хитови „Lose My Breath“, „Say My Name“ и „Soldier“ приредија вистинско шоу и се вратија на сцената со уште поголема енергија од нивните денови на слава.

Прегледи:
494
Објавено на:
16.04.2018