Категории

„Благодарам мамо“: Емотивна реклама посветена на мајките

„It takes someone strong to make someone strong“ (Само силна личност може да создаде силна личност). Ова е пораката на рекламата која ќе ви ги насолзи очите.

Видеото „Thank You, Mom – Strong“ е снимено по повод Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Рио де Жанеиро. Видеото се фокусира на силата, непоколебливоста и издржливоста на мајките, кои се цврсти како карпа кога им се најпотребни на своите чеда, не само на важните спортски настани, туку и во секојдневниот живот.

„Ова лето, додека навиваме за светските атлетичари на Олимписките игри 2016, да не ја забораваме личноста чија сила постојано ги инспирираше: Мама. Благодарам мамо“ – пишува во описот на емотивното видео.

https://www.youtube.com/watch?v=MQ3k6BFX2uw

Ова не е првпат Procter & Gamble да ни ги насолзи очите непосредно пред значаен спортски настан како што е Олимпијадата. Во 2014 година за ЗОИ во Сочи компанијата го создаде емотивното видео ”Thank You, Mom” во кое беа прикажани мајки кои им помагаат на своите деца да ги надминат сите пречки за да ги остварат своите соништа. 

Прегледи:
710
Објавено на:
05.05.2016