Категории

Благодарејќи на Џастин Бибер, од бебиситерка стана топ модел

Не верувате во бајки? Не верувала ни таа, но преку ноќ од бебиситерка стана кралица на модните писти

17-годишната Синди Кимберли од Дениа, Шпанија, била обична девојка која ја имала среќата да биде забележана на социјалните мрежи од популарниот канадски пејач Џастин Бибер. И сега живее како принцеза, иако до неодамна работела како бебиситерка и била платена пет долари по час.

Денес таа е манекенка која заработува големи хонорари шетајќи по писти, а сето тоа благодарение на поп-ѕвездата Џастин Бибер, кој случајно ги видел нејзините заводливи фотографии на Инстаграм.

Атрактивната убавица која неверојатно потсетува на руската маненекна Ирина Шајк се уште оди во училиште, но благодарение на неверојатниот судбински пресврт, наскоро ќе дебитира Модната недела во Мадрид.

– Не можев да поверувам кога слушнав дека Џастин Бибер се распрашува за мене. Ја сум негова обожавателка веќе шест години, и сето тоа ми делуваше многу нереално – изјавила Синди која е родена во Холандија.

306e5a7400000578-3410278-brainsandbeautycindypicturedwantstostudyfineartsatuni-241453454267582

Откако Бибер почнал да ја следи на Инстаграм, Синди стана популарна, а потоа и другите се распрашувале за неа.

Била само убава, анонимна девојка за која никој освен нејзините блиски пријатели не знаел. А денес ја следат повеќе од 668.000 корисници на оваа социјална мрежа.

Таа признала дека сега многумина и се јавуваат нудејќи и ангажмани, но таа засега е фокусирана на училиштето. Како што вели Синди , и годи тоа што многумина ја споредуваат со  Анџелина Џоли и Ирина Шајк, бидејќи и двете премногу ги сака.

Прегледи:
494
Објавено на:
24.01.2016