Категории

Бобан Илиоски ја најавува својата нова професионална борба во Нови Сад

Македонскиот државен репрезентативец Бобан Илиоски, кој зад себе има остварено голем број европски и светски успеси ќе се бори со искусниот борец Милош Бајович  во К-1.

Борбата е закажана за 27 Декември во Србија, Нови Сад во категоријата до 81 килограм.

“За секоја борба сум максимално подготвен. Никогаш не го потценувам противникот. Напорно работам на себе, бидејќи потребна е многу работа и секојдневен тренинг за да бидеш подобар.
Подготовката за борба секогаш треба биде и физичка и психолошка. Секогаш верувам во себе, бидејќи вербата во себе е клучот за постигнување на успех. Јас сум спремен и со нетрпение ја очекувам борбата. “

Прегледи:
1379
Категории:
Интервју · Спорт
Објавено на:
21.12.2020