Категории

Богат е само оној кој не дозволува да биде воден од желбата за богатство

Додека трчате по скапоцените камења, пазете да не се сопнете на нив!

Постои една приказна за некој патник на брод кој тонел. На бродот се наоѓало сето негово злато (околу 90 килограми) кое никако не сакал да го изгуби па го заврзал околу себе и скокнал од бродот. Подоцна бил пронајден на дното, со златото замотано околу телото. Последното прашање кое веројатно си го поставувал било „Дали јас го имам златото, или златото ме има мене?“

Рудјард Киплинг, големиот англиски писател, во една прилика додека држел свечен говор на Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада, истакнал дека смета оти е голема опасност поставувањето на парите или друштвената положба за цел самата по себеси.
Изјавил:
„Еден ден ќе сретнете човек кој не се грижи за нити едно од тие нешта. Тогаш ќе сфатите колку сте сиромашни.“

Киплинг сакал да каже колку всушност е опасно имотот да биде цел сам по себе, наместо начин да ја постигнеме целта.

Прегледи:
433
Објавено на:
10.09.2021