Категории

Болка во градите пред циклус – Зошто се случува

Ова се случува речиси секој месец – неколку дена пред менструацијата, градите стануваат многу чувствителни, па дури и болни. Зошто се случува ова?

Па, главниот виновник за оваа состојба се хормоните. Наглото зголемување на естрогенот пред овулацијата влијае на зголемувањето на млечните канали на дојката, додека порастот на прогестеронот (во текот на неделата пред менструацијата) го стимулира растот на млечните жлезди. Болните гради или нивната осетливост и отекување најчесто одат рака под рака со ПМС, кој се засилува во деновите пред менструацијата.

Додека кај повеќето жени оваа осетливост или болка се јавува во горниот, надворешен дел на дојката, не е невообичаено да се почувствуваат низ целата дојка, па дури и под пазувите (каде што некои жени имаат помали количини на ткиво на дојката).

За да ја олесните и ублажите болката, повеќе од пожелно би било да носите удобен градник и редовно да вежбате. Исто така, лековите против болки се една од опциите (но консултирајте се со лекар или фармацевт).

Исто така, може да помогне да се намали внесот на кофеин, сол и мрсна храна десет дена пред менструацијата. Истражувањата покажуваат дека внесувањето на витамините Б6 и Е и додатоците во исхраната од маслото од горчлива тиква исто така може да ја ублажат болката (не ги земајте сами – консултирајте се со лекар).

По почетокот на менструацијата, болката обично се намалува и исчезнува. Меѓутоа, ако градите продолжуваат да ве болат секој ден, ако болката се влошува со текот на времето или ако чувствувате дека ве боли само одреден дел од градите, задолжително посетете лекар.