Категории

Бонтон правила од ’60-тите – Некои денес делуваат бизарно и дискриминирачки

Една книга која претставува илустриран бонтон ги опфаќа далечните ’60-тите и правилата на однесување кои важеле во тоа време.

Во почетокот на книгата се објаснува дека во тоа време „зеењето“ се сметало за крајно непристојно и некултурно и било забрането да се „зева“ во друштво. Доколку тоа било неизбежно, морала да се стави дланката на устата. Зевањето давало до знаење дека приказната на соговорникот е ужасно досадна.

На мажите им се советувало задолжително бричење.

Во тоа време кога ќе пристигнеле ненајавени гости домаќините морале љубезно да ги пречекаат и веднаш да се преоблечат во формална облека доколку пред тоа носеле облека за дома или пижами затоа што било исклучително важно да се остави добар впечаток на гостинот.

За жените се сметало исклучително непристојно да се шета со виклери на главата. Жените се советувале редовно да посетуваат фризерски салон.

Кога станува збор за однесувањето во ресторан, едно од правилата гласело дека мажот секогаш влегува прв во ресторанот а жената оди позади него. Причината е сликовито објаснета:
„Рестораните во овој случај се непознато и неоткриено подрачје, каде во теоријата и во праксата постојат разни опасности и непријатни ситуации, и на мажот му е должност да биде заштитник.“

Во мигот на соблекување и облекување на капутот, на жената мора да и помогне мажот кој е со неа, никако вработените во ресторанот.
При нарачувањето со келнерот разговарал исклучиво мажот.

„Порачката до келнерот ја пренесува машкото лице во друштвото.“

Викањето во ресторан се сметало за непристојно и некултурно. Доколку било потребно да го повикате келнерот било доволно само да се направи дискретна гестикулација за да пријде до масата.

Пијалокот смеел да го бира само мажот. Кога ќе биде доставен до масата, прво се става мала количина во чашата на мажот за да го проба и притоа да даде одобрување да се послужи жената.

Со храната на масата прво започнувала жената, а плаќањето секогаш било должност на мажот.

При одењето по улица, жените секогаш се движеле од десната страна на мажот.

Што се однесува до подарувањето цвеќе кое важело за едно од главните бон тон правило во секаква прилика, мажите подарувале исклучиво свежо цвеќе, никако цвеќе во сад. Саксиите биле наменети само доколку жена подарува цвеќе на друга жена.

Црвените каранфили и црвените ружи не смееле да се подаруваат на „туѓа“ жена – која е веќе зафатена. А лилјаните се сметале за мртовечки цветови.

На домашните забави било правило мажот да танцува со сите присутни жени без оглед на годините.

Давањето предност на еден гостин се сметало навреда за сите останати. Предност пред сите останати имала единствено домаќинката.

Прегледи:
1036
Објавено на:
14.09.2020