Категории

Бонтон за најмалите: Неколку убави манири кои секој родител треба да го подучи своето дете!

Ако вашето дете ги научи основите на однесување уште од најрана возраст, не грижете се, тоа ќе стане љубезно и пристојно подоцна во животот..

Важен дел од образованието за вашето дете е да го научите на убави манири што ќе ги запомни и применува не само кога е со вас, туку и кога не сте наоколу.

Елементарната пристојност на вашето дете може да биде основа за подоцнежениот успех во животот.

Покрај основните „те молам“ и „благодарам“, научете ги вашите деца да покажуваат почит кон постарите и како да бидат учтиви додека се на гости.

 

  • Научете ги вашите деца да кажат „Те молам“ кога ќе побараат нешто и „Благодарам“ кога ќе добијат нешто или некој им помогнал.
  • Научете ги да кажат „Извини“ кога случајно се судриле со некого или ако сака да праша нешто.
  • Научете ги да не ги прекинуваат другите. Без разлика дали прекинуваат разговор на две лица во кој не учествуваат, освен ако нешто не е итно, но и да не го прекинуваат разговорот кога некој разговара со нив.

  • Дајте им пример за тоа колку е непристојно да ги коментираат карактеристиките на другите луѓе или физичкиот изглед, освен ако не станува збор за комплимент.
  • Научете ги вашите деца секогаш да бараат дозвола, односно прво да прашаат дали треба да земат или користат нешто.
  • Зајакнете ја на нивната благодарност. Покажете им на децата како да напишат едноставна благодарница и да не отвораат подароци сè додека не се заблагодарат правилно.
  • Дајте му на вашето дете лекција по хигиена. Научете ги да ја покриваат устата кога кашлаат или киваат и никогаш да не го бришат носот со ракавот, туку да користат шамиче.
  • Научете ги да одговорат учтиво кога некој ќе ги праша како се и секогаш да возвратат со истото прашање.
  • Кажете им колку е важно да ја почитуваат приватноста на некој друг. Секогаш да тропнат на затворена врата и да чекаат одговор пред да влезат.
  • Научете ги како да се однесуваат на масата – така што, меѓу другото, нема да посигаат за да земат нешто, туку учтиво ќе замолат некој да им го подаде тоа.
  • Покажете им како да исчистат по игра и после јадење.
  • Убаво е да им се обраќаат на луѓето по име, затоа потсетете ги да ги запомнат кога се запознаваат.
  • Научете ги да не фрлаат ѓубре на улица.
  • Научете ги спортски да поднесуваат победа и пораз.
  • Научете го вашето дете да ги соблекува чевлите секогаш кога ќе влезе во нечиј дом.

Прегледи:
504
Објавено на:
15.10.2019