Категории

BOOST YOUR HEALTH: Кампања за подобро здравје на Polleo Sport

Никогаш не е доцна да ги замениш лошите навики со здрав начин на живот! Кампањата #BOOST YOUR HEALTH ја лансира Polleo Sport со цел да ја подигне свеста за водење здрав начин на живот. Подигнување на свеста меѓу сите нас ќе го подобри квалитетот на живот. Не само кај помладите лица, туку и меѓу поискусните.

Никогаш не е доцна да го промените стилот на живот. Се додека чувството е добро, и на крај на денот ќе си кажете – ДА! Навистина вреди!
За подобра и посветла иднина, за нас и за нашите најмили и најсакани, заслужуваме да се чувствуваме убаво и среќно во своето тело.

ВКЛУЧИ СЕ И ТИ ВО КАМПАЊАТА! Започни ДЕНЕС! Постави ги своите цели и започни да ги остваруваш со здрави навики! Постирај слика на Фејсбук или Инстаграм, од твојата здрава навика со хаштаг #BoostYourHealth и стани потецијален добитник на наградите од Polleo Sport!

Биди влијателен и запрашај се… „Дали твоето здравје вреди повеќе од твоите лоши навики?”“

Нашите амбасадори се најдобар и успешен пример…

Јелена Спенџарска, водителка и јавна личност препорачува „Јадете повеќе зеленчук, пијте повеќе вода. Наспијте се. Вежбајте барем 30 минути дневно. Смејте се почесто. Мислете на себе, на своето здравје, мислете само позитивно. И подалеку од шеќерот и онака сте доволно слатки!“

Дарко Спејко, победник на Голем Брат „Внимавај и води грижа за своето тело, тоа е единственото место во кое мора да живееме! Твоето тело претставува дом каде ќе живееш засекогаш затоа внимавај на своето телото и уживај во своите здрави навики!“

Јасна Лековска, најпозната пилатес инструкторка живее под мото „6 те најдобри доктори на светот се сонце, вода, одмор, воздух, вежбање и здрава исхрана“.

Жарко Батич, најдобриот crossfiter во Македонија вели „Целта на вежбањето е да го подобриме квалитетот на животот надвор од сала. Вежбаме за да можеме еден ден да си играме со нашите внуци без да чувствуваме никакви физички препреки. Согорувањето на телесните масти и доаѓање до чиста мускулна маса е само бонус“.